СДСМ нудат од 600-1200 МКД за субвенции на студентски превоз за 12.000 студенти, реагира професорката Созна Грчева на билбордите на владејачката партија кои ги има на секој чекор низ градот – иако кампањата не е почната.



„Но, содржината е смејурија.
Прво, они нема што да нудат како партија. Може тоа само државата од наши пари. Ако нудат они, нека плаќа Бихаќка.

Второ, за таа работа се зборува во проценти, не во суми.

Трето, како смее да се делат студентите кои ги има многу повеќе од 12.000? Ќе ги вадат на бинго тие “среќните”?

Очајнициве збудалеа!- вели во објава на Фејсбук Грчева.