Десетици кадровски решенија беа донесени на вчерашната седница на владата.
Нов заменик генерален секретар на Владата е Хасим Муртезани.
Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Демократската лига, Павле Трајанов, од 1 август ќе биде национален координатор за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот.
Солза Герчева е назначена за национален координатор за реформи во високото образование.
За координатор за имплементација на новите технологии е назначен и Блерант Рамадани.
Фатон Фазлиу ќе раководи со Управата за водење на матични книги.
Кујтим Ибиши – ќе раководи со Управата за финансиско разузнавање.
Нов директор на Државниот архив ќе биде професорката Наташа Котлар.
Истовремено, Владата го разреши досегашниот директор на Фондот за иновации, Фестим Халили, а на негово место доаѓа Никола Додов.ТВ21






