Поранешната пратеничка Солза Грчева со жестока реакција на денешниот избор на Венко Филипче за нов министер за здравство, како и на најавата од Зијадин Села за излегување од Влада по донесувањето на Законот за јазици.
„Ова станува од страшно, пострашно. За министер за здравство, поради кој здравството беше обезглавено цели 4 месеци, избран синот и внук на најголемите шверцери во историјата на нашето здравство. Луѓе кои препакуваа лекови со поминат рок, луѓе кои беа фатени со полна торба пари кои ги изнесувале преку граница.
А Алијансата ќе седела во Влада сè до изгласување на Законот за јазици.
Сето собрано е слика и прилика на една корумпирана, слаба и немоќна држава. Тоа мора да се промени!“, порача преку својот профил на „Фејсбук“ експратеничката во претходниот собраниски состав, која беше исклучена од Социјалдемократски сојуз на Македонија по одбивањето да ја бојкотира работата на законодавниот дом.





