Вакво предупредување на социјалните мрежи упати професорката и претседател на партијата „Глас на Македонија“ по веќе јавните наговестувања дека се можни различни „сценарија“ пред двојните избори на 8 мај.



„Не само што самите ќе исчезнат од политичката сцена (што заслужуваат), туку државата ќе ја втурнат во голем хаос и безбедносна криза.

Не знам и на Европа и САД кои имаат многу поголеми проблеми за решавање, дали ќе им треба вакво бранување на Балканот.

Губитничкото сценарио, ќе им се удри од глава, но за жал и целата држава ќе настрада. Не знам каде ќе се скријат потоа!- вели Грчева во објава на Фејсбук.