Обуки за мировни мисии и училиштата за летање, меѓу другото, предвидува Програмата за воена соработка помеѓу Грција и ПЈРМ за 2018 година, потпишана во Скопје, пишуваат грчки медиуми.
Програмата, вчера во Скопје, ја потпишаа Милтиадис Грилакис, прв човек на Директоратот за меѓународни односи на Комитетот за национална одбрана на Грција и директорот на Одделот за меѓународна соработка на „соседното“ Министерство за одбрана, полковник Марјан Јачевски, пишува „Скај.гр, водејќи сметка да не се спомне името на соседот.




