Грци предупредуваат за „бугарски клин“ во Македонија и Албанија

Софија сака да прикаже дека секоја словенска група или малцинство во регионот припаѓа на бугарската нација, со што го нагласува бугарскиот идентитет на македонските словени и ја засилува својата улога во регионот нудејќи пасоши и на Албанци кои доброволно се изјаснуваат за Бугари, пишуваат загрижени грчки медиуми со констатација дека ПЈРМ е притисната помеѓу албанскиот и бугарскиот национализам.



Во изминатите години, Софија „тивко“ им издавала бугарски пасоши на илјадници во Скопје со што ги продолжи иредентистичките тврдења дека ПЈРМ е „бугарска провинција“, а македонскиот јазик е дериват на бугарскииот во согласност со нејзината политика од 1991 година, кога прва ја призна Република Македонија без да го признае „македонскиот“ јазик и „македонската“ нација.

Договорот на Софија и Скопје од 1 август ги зголеми апетитите и тврдењата на Бугарија кон ПЈРМ, особено во правец на  признавање на „бугарското татковство” на денешниот македонски јазик, коментира „Либерал“.

Но, авторот предупредува дека амбициите на Софија се многу поголеми.

Бугарија, преку својот официјален амбасадор во Тирана, побара признавање на бугарско малцинство (во Албанија), а не на „македонско“, како се нарекуваат  словените кои живеат во Албанија.

Овој потег на Софија во суштина има за цел прикажување на секоја словенска група или малцинство во регионот дека припаѓа на бугарската нација, а со тоа го нагласува бугарскиот идентитет и на македонските Словени.

„Либерал“ забележува дека Бугарија не останува само на ова: Со издавање на бугарски пасош, кој сега е пасош на ЕУ кој им овозможува влез во сите земји на ЕУ, таа се обидува да ја зајакне својата улога во регионот нудејќи пасоши и на Албанци кои доброволно се изјаснуваат за Бугари или членови на словенското малцинство во Албанија (сега признати како „Македонци”), барајќи да бидат признати како бугарско малцинство во Албанија.

Во Албанија во тек е дискусија за новиот закон за малцинствата, а бугарското Министерство за надворешни работи се жалеше на фактот дека не е предвидено никакво бугарско малцинство, иако е признато египетско, ромско, босанско,„ македонско“…

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, вели дека од 1945 година, кога бил првиот попис на населението до последниот 2011 година, немало други малцинства освен оние осум споменати во предлог законот, што треба да биде усвоен.

Портпаролот на “Македонската унија Сонце” истакна дека во Албанија нема бугарско малцинство, тврдејќи дека тоа е обид за фалсификување на историјата, а наводите за постоење на бугарско малцинство во „Преспа“ и „Голорбордо“  се барање за „Голема Бугарија“.

Министерпот Бушати, изјави дека албанската влада не навлегува во прашањето на идентитетот бидејќи тоа е „игра меѓу други земји”.

Претставници на „Бугарската унија“ во Албанија, на чело со Ерви Талури, се јавија како претставници на „бугарското малцинство“, барајќи нивно признавање врз основа на петиција потпишана од 1.500 луѓе.

Овие здруженија издаваат сертификати (со сомнителна автентичност и валидноста) кои го потврдуваат бугарското потекло на албанските државјани кои имаат право да бараат и да добијат бугарски пасош.

Според некои бугарски институции, Бугарите се населиле во Албанија уште од 5 век и се дел од бугарската дијаспора.

Бугарските сојузи во Албанија сметаат дека сегашните „Бугари“ во Албанија се потомци на оние Бугари кои се населиле пред 1.500 години во таа земја и дека нивниот број, според неофицијални бројки, бил 100.000.