Грција пронајде „свое малцинство“ во Македонија

Мапа со реални и наводни малцински групи кои што живеат во Македонија а меѓу нив и бројна грчка заедница се почесто се појавува во националистичките грчки медиуми и социјални мрежи.



Откако ја објави весникот „Демократија“ пред повеќе од еден месец оваа мапа е една од најкоментираните теми во групите каде што се дебатира за Македонија.

Мапата ја објавува политикологот Константинов Холевас а направена е според истражувања на македонските демографски движења и досегашни пописи.

Според мапата покрај Албанското малцинство во Македонија живеат и Срби, Бугари, Шопи, Роми, Власи но и Грчки Македонци и Аромани особено во делот околку Битола и Охрид. Според грчките аналитичари во Македонија во 1991 година живееле над 200 илјади граѓани со грчко национално чувство.

Познавачи на спорот за името и на грчката надворешна политика не исклучуваат дека причината за појавување на мапата е поврзана со преговорите за името, односно дека Грција би можела во одредена фаза од преговорите да го наметне и ова прашање со цел да елиминира евентуално отварање на прашањето на Македонците во Грција од страна на Македонија.