Грција призна дека блокирала Атина а не ЕУ и НАТО

Како знак на добра волја Македонија ќе го смени името на аеродромот и автопатот Александар Велики, му ветил премиерот Заев на својот грчки колега Ципрас на средбата во Давос.



Грција од нејзина страна, како што ветил Ципрас ќе покаже добра волја и ќе дозволи Македонија да ја зголеми соработката со ЕУ и други меѓународни организации.

Со оваа позиција за давање дозвола за поголема соработка, Грција директно признава дека таа а не ЕУ решила да не блокира на секој самит на унијата кога треба да добиеме датум за почеток на преговори.

Слично е и со НАТО односно други меѓународни организации. Со оваа позиција дека Грција сега ќе дозволи поголема соработка Атина признава дека не било конзензус на сите членки во Букурешт туку одлука на Грција да ни стави вето за влез во Алијансата.