Грција полуде по светецот што предвиде распад на Македонија

Две години откако беше канонизиран во јуни 2015 година Отец Паисиос станува се популарен во соседна Грција. Познат по своите неверојатни претскажувања од кои најголем дел не се остварија старецот од планината Атос на Хиландер станува идол на многу Грци.



Отец Паисиос пред неговата смрт во 1993 година (роден е во 1924 година во Кападокија во Турција) предвиде дека Македонија ќе се распадне на повеќе делови откако ќе падне владата.

Грчкиот „Нострадамус“ како што го нарекуваат неговите следбеници е познат и по тврдењата дека Турција ќе пропадне во Егејското море и дека Грција ќе биде најголем добитник од големата војна меѓу Турција и Русија затоа што ќе може да го поврати Константинопол (Истанбул).

Тоа што ниту едно од неговите големи предвидувања не се оствари не е пречка од негово име да се прават пари.

Покрај продажбата на неговите сандали, влечки, и наочари во Грција со огромен успех се продаваат и капи, чаши па дури и негови костени. „Свети костени“ неодамна биле претставени на изложба во црквата Свети Димитрија во Агринио, пишуваат грчките медиуми. Костените според објаснувањето на дисплејот на црквата биле „дадени од група студенти на светецот за да ги освети“.

Но што може друго да се очекува од верниците во земја во која политичарите и црковните претставници тврдат дека „Господ е Грк“, пишува водечкиот грчки весник Катимерини.