За нецели 24 часа двајца врвни светски дипломати во Атина разговараат со грчките претставници на тема Македонија, името и влез во НАТО и ЕУ.
По вчерашната средба меѓу претставникот на Стејт Департментот на САД Хојт Ји со лидерот на грчката опозиција Киријакос Караманлис на тема Македонија вчера дошло до средба на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Модерини со грчкиот премиер Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас.
Покрај Кипар главна тема на разговорите била Македонија. Во пораките од Атина се вели дека Грција има два национални услови за проширување на ЕУ и НАТО. Ниту Турција може да влезе во унијата ако не го реши проблемот со Кипар согласно грчките барања ниту Скопје може во НАТО без решено име.
Во разговорите Могерини инсистирала на важноста на Балканот и барала поддршка од Атина влезот на регионот во ЕУ да биде приоритет на сите членки на унијата.
Могерини на Ципрас и на Коѕиас им рекла дека верува дека во можноста во наредниве месеци да има поголем број прилики за напредок во разговорите меѓу Скопје и Атина и Белград и Приштина.
Според владини извори во Атина Коѕиас на Могерини и одговорил дека Грција целосно ја поддржува идејата за цел Западен Балкан во ЕУ но дека останува на ставот за влез на Македонија во унијата само по решение на името.
Коѕиас се надева дека спорот за името може полесно да се реши сега одошто во минатото поради промената на владата во Скопје.





