Атина не е подготвена да испорача ловци Ф-16 во Киев, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за полскиот весник „Жечпосполита“.
„Прво би сакал да појаснам дека не сме подготвени да префрлиме авиони Ф-16 во Украина. Ваквите информации се појавија во медиумите, но не соодветствуваат со реалноста. Сепак, сакам да истакнам дека ја поддржуваме и ќе ја поддржиме Украина“, рече тој.
Премиерот истакна дека Грција е подготвена да помогне, но не на сметка на сопствениот одбранбен капацитет. Тој нагласи дека постојано размислува како да ја зголеми поддршката за Киев.
Мицотакис изјави и дека Украина доживува сериозен недостиг од артилерија.






