Грција и Албанија најпопуларни дестинации за министрите

Освен премиерот Зоран Заев кој со своето семејство од 3-ти до 6-ти август ќе престојува премиерската вила во Охрид, најголем дел од министрите на одмор ќе одат во Грција и Албанија.



За членовите на ДУИ и Алијанса на Албанците најпосакувана дестинација е Албанија а за СДСМ Грција.

Во Грција ќе одмараат министерката за одбрана  Радмила Шекеринска, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министрите за надворешни работи и за информатичко општество и администрација, Никола Димитров и  Дамјан Манчевски како и министерот за култура Роберт Алаѓозоски.

За Албанија се подготвува потретседателот на владата Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши. Во Бугарија ќе оди министерот за здравство Арбен Таравари.

Каде ќе летуваат во Август сеуште не откриваат  министерот за земјоделие Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Планови за одмор во моментов немаат ни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска и министерот за правда Билен Саљији.

Единствен кој не планира да користи годишен одмор е министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил.