Грција избра шеф на државата

Константинос Тасулас, поранешен претседател на Претставничкиот дом и пратеник на Нова демократија, денеска беше избран за нов претседател на Грција, јавија грчки медиуми.



Тасулас (66), кандидатот на владејачката конзервативна партија, обезбеди 160 гласови во 300-члениот Парламент. На гласањето учествуваа вкупно 276 пратеници, додека 24 беа отсутни, вклучително и сите 11 пратеници од Новата левица.

Во четвртиот и последен круг на гласање, прагот за избор беше просто мнозинство од 151 глас. Со оглед на тоа што Нова демократија имаше 156 места, победата на Тасулас беше загарантирана.

Тасос Јаницис, поддржан од главната опозициска партија ПАСОК, доби 34 гласа, додека Лука Кацели, кандидатот поддржан од левичарската СИРИЗА и Нова левица, собра 29 гласа. Костас Кирјаку, кандидат на екстремно десничарската партија Ники, доби 14 гласа.

Тасулас ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј мандат истекува на 13 март. Церемонијата на положување заклетва се очекува да се одржи денеска…