Грците да не бидат арогантни, вели Павлопулос

Грците треба да бидат оптимисти во врска со својата иднина, но да ја избегнат ароганцијата, изјави вчера претседателот Прокопис Павлопулос за време на официјалната вечера во Пиргос, каде што беше прогласен за почесен граѓанин.



„Ние сме луѓе кои треба да бидат оптимисти и сонувачи, но не смееме да бидеме арогантни(…) мора да ја гледаме нашата иднина со оптимизам“, рече претседателотј, додавајќи дека Грците можат многу да постигнат под услов, околу важните прашања, да останат обединети.

Павлопулос, исто така, рече дека глобалната економска криза влијаела на социјалната држава и на владеењето на правото во поширока смисла и овој проблем мора да се реши.