Грујевски и Бошковски одбија бугарски преведувач

Одложено е рочиштето на кое Врховниот суд во Атина требаше да одлучи за екстрадиција поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, јави дописникот на МИА од Атина.



Рочиштето е одложено за 2 март поради тоа што адвокатите немале време да го разгледаат предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.

„Во судот имало обезбедено преведувач на бугарски јазик, но одбраната инсистирала на превод на македонски јазик“ пишува „Фокус“.

Грујовски и Бошковски, осомничени во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО, по кои беше распишана и меѓународна потерница беа уапсени во средината на октомври на аеродромот во Солун при пасошка контрола кога било утврдено дека се обиделе да поминат со фалсификувани бугарски пасоши и да отпатуваат во Будимпешта.

Двајцата ги негираат обвиненијата против нив и бараат да не бидат испорачани во Македонија поради, како што пренесе грчкиот сервис на Си-ен-ен, „страв за нивниот живот“ и  неможност за „фер судење“ во нивната татковина.