Грузиските власти имаат намера да го прогласат православието за државна религија и разговараат за ова прашање со претставници на свештенството, потврди за новинарите шефот на службата за односи со јавноста на Патријаршијата на Грузија, Андрија Џагмаиѕе.
„Имаше сличен предлог од властите. Во овој случај, мора да се фокусираме на содржината. Неодамна, видовме дека властите спроведуваат линија на заштита на националните вредности и традиции“, нагласи Џагмаиѕе. „Тие исто така водат мирољубива политика и прават многу за црквата, така што овој предлог мора да го разгледаме во контекст дека властите сакаат дополнително да ја зајакнат улогата и статусот на црквата“.
Грузиската православна црква е една од 14. автокефални цркви во православието и една најстарите христијански организации во светот, чие основање се поврзува со апостолот Андреј во текот на 1. век. Во 317 година христијанството било признаено како официјална државна религија на земјата од страна на царот Мирјан Втори и неговата сопруга Нана.
Во 2002 година околу 80 проценти од жителите на Грузија се определиле како православни христијани. Вкупниот број на верници е околу 5 милиони, од кои 1,5 милиони живеат надвор од земјата.
Црквата има 35 диоцези и 512 цркви кои се одржуваат од страна на 730 свештеници.






