Претседателот на партијата ја носи најголемата одоворност, кусо изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Алсат М, запрашан дали ќе поднесе оставка од челната позиција во партијата доколу партијата ги изгуби изборите.
Во емисијата „200“, како што пренесуваат медиуми, тој рече дека сега кога се во опозиција имаат време да си ги осознаат пропустите и слабостите и да ги поправат.
Размислувавме за се што се случувало во минатото, каде биле нашите слабости, каде биле нашите предности и се фокусиравме на иднината, на она што треба да се направи за и понатаму да се подобрува животот на граѓаните, да се големува животниот стандард, и да се решаваат нивните проблеми, а државата да оди напред и да тане членка на НАТО и ЕУ, рекол Груевски.
Македонските граѓани за нецели шест недели демонстрираа прилично различни ставови за довербата во политичките партии.
За нешто повеќе од 30 дена според анкетата спроведена на барање на ист нарачател – Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), граѓаните направиле промена во ставовите кои зачудуваат.
Според анкетата на МЦМС спроведена на крајот на јули најпопуларна партија била ВМРО – ДПМНЕ со нешто над 27 отсто, а втора најпопуларна партија била СДСМ со 22,7 отсто доверба.
Четириесет дена подоцна, во првата половина на септември и според анкетата од истиот нарачател, работите се драматично се смениле.
Сега во водство е СДСМ со 24,3 а рејтингот на ВМРО – ДПМНЕ е намален за околу седум проценти и сега е 20,9 на национално ниво.
Дали рејтингот на ВМРО – ДПМНЕ во јули бил превисок или растот на СДСМ во септември е фингиран, е помалку важно.
Тоа ќе го потврдат или демантираат локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври.
Никола Груевски беше министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година, претседател на на ВМРО ДПМНЕ од мај 2003 година и премиер од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година, кога согласно Пржинскиот договор поднесе оставка на сто дена пред предвидените и на два пати (апил и јуни) одложуваните парламентарни избори што конечно се одржаа лани во декември.





