„ВМРО на локалните избори влез како фаворит. А што се случи потоа? Се случија уцени, закани и поткуп на гласачите. Имавме убиен човек- кандидат, повредени лица, искршени изборни штабови… Имавме свои политики и ВМРО-ДПМНЕ изврши отстапување од сопствениот идентитет кој го градевме со години“, изјави лидерот на опозицијата на гостувањето во телевизија Алфа.
Според Груевски, отстапувањето некои го почуствувале во првиот дел и многу од нив не излегле да гласаат.
„На овие избори се обидувавме да им се допаднеме на некои други, а тоа не им се допадна на нашите традиционални гласачи и затоа тие одлучија да не казнат и да ни испратат порака“, изјави претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа.