На 4 октомври ќе поминат шест години од правосилната пресуда за екс-премиерот Никола Груевски во предметот „Тенк“ за набавката на владиниот луксузен мерцедес.



На 10 ноември, пак, ќе се навршат шест години откако Груевски избега од Македонија во Унгарија, каде доби политички азил.

Според законот, „застареноста на извршувањето на казната настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршувањето на казната“.

Во казната на Груевски, делото застарува за три плус три години, објави „Призма“.

Поранешниот премиер, Зоран Заев, пак, најавуваше дека ќе го продадат „мерцедесот“ и со парите ќе купат амбулантни возила, но автомобилот и натаму се вози. Информацијата дека возилото и натаму се користи ни ја потврди директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, пишува порталот.