Адвокатот на Артан Груби поднел жалба на одлуката на Кривичниот суд на поранешниот вицепремиер да му се определи притвор во траење од 30 дена. Груби минатата недела избега на Косово, непосредно пред полицијата да го претресе неговиот дом поради сомнежи за корупција и тргување со влијание во случајот со Државната лотарија. Барањето на Груби да му се укине притворот го потврдија од Кривичниот суд, од каде најавуваат дека во следните денови ќе донесат одлука.
Поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кому исто така му е определен притвор од 30 дена, сѐ уште не се жалел, но неговиот адвокат Антонио Апостолски за „Телма“ вели дека побарал увид во предметот и дека ќе бара и укинување на мерката. Бајрами исто така е надвор од државата, а Апостолски тврди дека неговиот клиент не е избеган, туку речиси половина година живее и работи во друга држава, која адвокатот не ја открива.
По Груби и Бајрами е распишана меѓународна потерница. Тие се осомничени дека како функционери учествувале во проневера во Државната лотарија тешка осум милиони евра





