Груби контра Заев: Името е решено, се договараат деталите

Според пратеникот од Демократската Унија за Интеграција, Артан Груби, спорот за името меѓу Македонија и Грција е завршена работа.



Тој тврди дека останува во наредните недели само да се договорат деталите.

“Со Грција започнавме да разговараме со јазик на пријатели, а не преку нишанот на историјата и градбите како досега. Имаме мерки за градење на доверба, веќе ги преименувавме автопатот и аеродромот. Идентитетот, културата, името и државата ќе ги заштитиме само ако бидеме дел од големото европско семејство”, – вели Груби кој е дел од македонската делегација која вчера учествуваше на молитвениот појадок организиран во Вашингтон од претседателот Трамп.

За разлика од Груби, премиерот Заев на брифинг со главните уредници рекол дека постои можност и покрај подобрените односи со Грција да не се дојде до решение при што ќе се активира планот Б.