Груби до Курти: Ќе ви пропадне мешањето во изборите во Р*М, ние сме Кингмејкери, Ахмети ќе формира влада со кого ќе сака!

„Пропаднаа обидите однадвор да се влијае врз изборите во Македонија. Мешањата на Албин Курти и Ветвендосје (Самоопределување) во Македонија никогаш не биле успешни. ДУИ ќе победи на изборите и таа ќе ја формира идната влада, ќе ја формира Али Ахмети со кого ќе сака тој, кого тој ќе го одбере! Ние сме Кингмејкерите (кралеви кои одлучуваат – заб.прев) во изборните определувања. Во 2017 година токму ДУИ стана клучниот чинител, кој го врати СДСМ по нивните 10години во опозиција. Ние го имаме првиот албански премиер како ветување од онаа кампања, но во иднина ќе бараме да имаме и мандатар за формирање на владата. Ќе бараме да се избира и претседателот на државата со двотретинско мнозинство во Парламентот.“ – изјави заменик-премиерот Артан Груби во емисијата „Пресинг“ на ТВ Клан Македонија.



ТВ Клан Македонија пишува: На новинарско прашање околу мешањето на премиерот на Косово Албин Курти на изборите во * Македонија Груби одговори дека такви негови интервенирања имало и порано, но и оти тие биле без успех.

„Мешањата на косовскиот премиер Албин Курти во македонските избори не се први: тој интервенираше во Македонија и Албанија уште од 2005-2006 година. Курти директно учествуваше и на минатогодишните парламентарни избори, одржувајќи говори на собирите на Алијансата за Албанците и Алтернатива. Исто така и претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца учествуваше на изборните собири во Куманово. Истото се случи и на претседателските избори во Македонија кога го поддржаа претседателскиот кандидат Блерим Река, но и тогаш не успеаја. Улогата на Албин Курти ќе биде и овојпат бескорисна. Според сите сондажи на јавното мислење, ДУИ ќе победи, без разлика што вели опозицијата. Иако Курти кажа дека неговата партија Ветвендосје (Самоопределување) нема да учествува на изборите во Македонија оваа година, сепак повторно Беким Ќоку ќе биде дел на изборните листи. Ќоку премина од Демократската партија за Албанците во Алијансата за Албанците, а сега е веќе и во Ветвендосје (Самоопределување).“ – посочи Груби.

Тој нагласи дека биле бескорисни овие обиди за влијание однадвор кај Албанците од Македонија во текот на изборите во изминатите години. „Секое вмешување од надвор во Македонија беше дочекувано со згрозеност од граѓаните и донесуваше спротивни резултати. Затоа тоа нас не може да не попречи. Единствено што ми пречи е отежнувањето, оптоварувањето на братските институционални односи меѓу Албанците од Македонија, Косово и Албанија, бидејќи ние утре ќе седнеме да реализираме проекти.“ – рече Груби.