Поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, преку социјалната мрежа Фејсбук реагираше за вчерашните случувања на скопскиот аеродром кога од претседателкатана Косово, Вјоса Османи, било побарано преку скенер да поминат нејзиниот телефон и рачна торба, што предизвика „инцидент“ и вмешување дури и на обезбедувањето на спикерот на македонскиот парламент, Африм Гаши… Медиуми известуваат дека било „потегнато и оружје….



„„Косово, прости ни! Од газда на куќа во кираџија, од одлучувач до слуга, од горд до ракобакнувач, од достоинствен до без’рбетен, од бел образ до црн образ, од упатен до неук, од храбар до кукавица, од владеење во служење, од победник во губитник, од Европа и Америка до Русија и Србија, од Али Ахмети до Иван Стоилковиќ“, напиша Груби на социјалните мрежи.

Екс-министерот за надворешни Бујар Османи, вината за настанот ја гледа во илегалните претставници на Албанците во власта.

„„Најостро го осудувам неприфатливото и скандалозно дејствие што се случи денеска на скопскиот аеродром кон претседателката на Косово, Вјоса Османи. Овој инцидент јасно ја покажува неспособноста и неодговорноста на илегалните албански претставници во власта. Потребна е итна одговорност од узурпаторите на албанското претставништво во Владата и одговорност од одговорните за оваа срамна ситуација“ напиша Османи на Фејсбук.

ОД ТАВ-Македонија категорично ги отфрла наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка Вјоса Османи при вчерашниот преглед во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.

-Телефонот и’ беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот’ објаснија од ТАВ.

Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи. Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури“, се наведува во соопштението од ТАВ Македонија.