За 13:00 часот денеска во Чаир, Артан Груби најави прес-конференција на која „Европскиот фронт“ предводен од неговата ДУИ, ќе побарал оставка од лидерите на ВРЕДИ, Арбен Таравари, Изет Меџити, Билал Касами и Адрим Гаши.



Според Груби, тие, оставките треба да ги заверат на нотар.

„Од ова студио сакам да побарам итна оставка од Изет Меџити за спектакуларната загуба во Чаир, Арбен Таравари за загубата во сопствената куќа во Гостивар, Билал Касами за загубата во Тетово, Африм Гаши … Не знам каде загуби, дури и од тој претседател на општина Желино, Блерим Сејди, и од него, за спектакуларната загуба во Желино“, изјави Груби синоќа на ТВ21.