Одбојкарската репрезентација на Македонија вчера не успеа да се врати во земјата откако за време на летот од Цирих кон Скопје во авионот удрил гром, објави Екипа.
Пилотот, по ударот, решил веднаш да се врати назад во Цирих каде што принудно слетал.
Одбојкари биле сместени во хотел и денеска наутро со нов лет ќе тргнат кон Скопје.
„Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина“ – вели за Екипа капитенот Никола Ѓоргиев.






