Гром удрил синоќа во генераторите на СЦ „Јане Сандански“ за време на дуелот меѓу Данска и Јужна Кореја во рамките на Светското првенство за ракометарки во 20 години.
Салата останала без струја, информираа од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), поради што било донесено решение вториот дел од мечот да се доигра во СЦ „Борис Трајковски“.
Јужна Кореа го доби овој втор дел со 11-10, меѓутоа скандинавките на крајот славеа со вкупни 29-23.






