Според новите испитувања, лицата чиј горен притисок се движи помеѓу 120 и 139 mm/hg, додека долниот притисок е помеѓу 80 и 90 mm/hg, можат значајно да го намалат притисокот ако три пати дневно јадат грозје.



Ова овошје веќе е познато по тоа дека има ефект за здравиот кардио-васкуларен систем, ама ова е прва студија која на научна основа го проучувала ефектот кој го има грозјето врз намалувањето на крвниот притисок.

Истражувањето е финансирано од организацијата која се занима со промоција на грозјето во исхраната и производителите на овој вид на овошје, додека пак резултатите се објавени на 61 годишна конференција на америчките кардиолози која овој викенд се оджала во Чикаго.

“Секогаш земавме здраво за готово дека грозјето го намалува крвниот притисок, ама тоа до сега никогаш не беше научно потврдено” изјавил Харолд Бејс директор на истражувачкиот центар за метаболизам и артиосклероза во Луизвил кој е и главен автор на студијата.