Жртвите ќе бидат погребани на посебен дел од гробиштата во Кочани.
Ројтерс објави видео на кое багери ги ископуваат гробовите.
Претходно, општина Кочани соопшти дека била донесена одлука за проширување на парцелите на градските гробишта и определување посебно место за загинатите од пожарот.
Исто така, препорачано е да се донесе одлука за бесплатно доделување на парцели за починати и за погребални услуги, соопштија од општина Кочани.
Во пожарот животот го загубија 59 млади лица, за ова се осомничени 22 лица, додека за 14 лица Обвинителството бара краткотраен притвор.





