Грк починал во битолско казино

Н.K.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот, вчера попладне бил донесен од битолско казино, пријавил лекар од Итна медицинска помош Битола.



Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција.

Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола, информира МВР.