Граѓани чекаат да ги добијат ваучерите за инвертери

Пред спортската сала „Борис Трајковски“ граѓани од утрово чекаат да ги добијат ваучерите за инвертери,



Предвидено е да се доделат ваучери за вкупно 6.182 домаќинства.

Ваучерите мораат да се искористат до 30 ноември. После овој рок тие не важат.

За ваучерите граѓаните аплицираа во февруари, а ги добиваат сега.

Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари односно 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.

Доделувањето на ваучерите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одвива од 9 до 17 часот, а во Битола во спортската сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот, додека за останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.