Граѓани на социјалните мрежи повикуваат на бојкот поради високите цени

На социјалните мрежи се споделува фотографија која повикува на бојкот на маркети на 31.01.2025 (петок) и тоа под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“.



„Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ се споделува на социјалните мрежи, пренесува Скопје1