Екс-советникот на градоначалничката на град Скопје, Умејр Мухамеди кој е гласен со критиките главно на социјалните мрежи, со нова критика кон Данела Арсовска. Овој пат центарот на неговиот фокус е загадувањето, поточно чекорите кои биле преземени додека и самиот бил дел од раководството во град Скопје за сузбивање на дивите депонии и загадувачи во градот.
– Во 2022-ра додека бев во Град Скопје по моја иницијатива заедно со тогаш главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав најдовме фирма која без никаков надоместок ни обезбеди да поставиме на проба камери на диви депонии односно на повеќе “црни точки” каде редовно се истоварува градежен шут.

Имено камерите одлично функционираа, забележуваа и автоматски ги сликаа таблиците на возилата со кои се истовараше градежен шут од несовесни граѓани. Проектот требаше да чини смешни 50.000 евра, арно ама Градоначалничката како и се друго го прекина и ова.
Исто така Град Скопје располага со дрон за следење на дивите депонии и пожарите како донација од USAID, и дронот требаше да го ставиме во функција, но за неа овие работи не беа интересни – напомена Мухамеди на Фејсубк.





