По апелот за собирање на финансиски средства за лекување на 16-годишната Ана Радевска која боледува од ретка болест, денеска се донација се приклучи градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Веднаш штом го видов повикот на социјалните мрежи, побарав контакт од семејството со цел да ги известам за мојата одлука да доделиме финансиска помош во висина од 50.000 денари за лекувањето на малата Ана. По разговорот со мајката потребната документација е доставена во општината и се работи на подготовка на Решението за исплаќање на средствата“, објави градоначалникот Стефковски.
Тој апелираше до граѓаните, согласно своите можности, да се приклучат на хуманитарната акција и сите заедно да помогнеме за лекувањето на Ана.






