Градовите од внатрешноста блеснуваат во новогодишен сјај, а нашиот главен град Скопје – изгубен и во време и простор. Граѓаните постојано реагираат оти ништо не се случува во македонската метропола, и дека не памтат ваков, како што велат, „мртов“ град. Наместо да биде накитен уште пред некој месе, Скопје е пусто како и лани. Иако Данела Арсовска рече дека уште во септември ќе биде се наикитено, од украсувањето нема ништо, ама затоа остана само пуста желба деќа се ќе биде добро.

Паралелно, во тек е украсувањето на Охрид за новогодишните празници. Делови од центарот блеснаа во празничен сјај, а плоштадот традиционално ќе го краси новогодишната елка. Градот најави богата програма за претстојните празници кога на ривиерата се очекуваат голем број гости од земјава и регионот.

И Крива Паланка блесна во новогодишен сјај со новогодишни елки на двата плоштада, „Карпошово востание” пред зградата на општината и на централниот градски плоштад каде што се поставени и бројни декоративни елементи и форми што ја донесоа предновогодишната магија во „Градот на културата за 2024″.

- Крива Паланка блесна, раскошно накитена и украсена, сјае во празничен декор од илјадници светилки и ја носи празничната магија во срцата на паланчани. Никој не остана рамнодушен на блескавата предновогодишна атмосфера за која веќе се шири и раскажува насекаде. Украсувањето предновогодишно е како посебен подарок, иако секоја година градот го украсуваме, за да ги радуваме граѓаните во пресрет на празнувањата, но и за сите што повторно со нетрпение очекуваат да го посетат најубаво украсениот град во државата, а годинава и „Град на културата за 2024″., информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Украсени се централната градска улица, влезот и излезот на градот, камнделабрите и останати посебности покрај магистралниот пат А2, Градечки мост и други делови од централното градско подрачје. Крива Паланка се подготвува за новогодишниот базар што исто така ќе понуди и привлече голем број туристи и посетители во градот.






