Го пуштиле во кампања или избегал е дилемата по скандалот кој се случил пред околу две недели во затворот во Шутка каде затворскиот менаџмент кој го води човек поставен од Зоран Заев пријавил бегство на затвореник дури откако бегалецот предизвикал друг инцидент.
Извори во Управата за извршување на санкции тврдат дека избеганото лице е Г.Т. а директорот Филип Андов Сокол бегството го пријавил најмалку десетина часа откако бегалецот наводно се оддалечил од затворот.
Според изворите во Управата за извршување на санкции невозможно е некој да избега од Шутка без тој да биде забележан за најмногу еден час што укажува на можноста затвореникот да не бегал туку да биде пуштен од затворот со премолчена дозвола од управата.
Од таму постои сомнеж дека лицето е намерно пуштено од управата на затворот Скопје во Шуто Оризари за лични или политички цели на некој моќен човек во управата на затворот или надвор од него.
Сомнежите се дека затвореникот е пуштен во време на кампања со цел да врши политички активности за една политичка партија и за тоа ќе се бара соодветна истрага, велат изворите во Управата за извршување на санкции.
Истите извори велат дека околностите кои се анализираат и временската линија која е создадена за случајот укажува на сериозно нарушување на правилата и законите односно дека бегалецот добил помош од некого во затворот за да излезе од него.
Случајот исто така укажува на можноста управата на затворот предводена од директорот Филип Андов Сокол и во други случаи да пуштала затвореници надвор од затворот без соодветна процедура и документација што е тешко кривично дело.
Лани за кратко време од затворот во Шутка избегаа две лица, едниот нарко дилер а другиот човек близок на една политичка партија.
И покрај скандалите директорот Филип Андов Сокол кој беше поставен од Зоран Заев не беше сменет од директорската функција.
Продолжува