Кривични против скоро цела фамилија – и поранешниот директор на ПИОМ, и таткото и неговата сестра се осомничени дека го оштетиле Буџетот за 600.000 евра.
Кривичната пријава против Д.Б. (45) од Тетово е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Тој како вршител на должноста на 22.02.2023 објавил повик за закуп на деловен простор за потребите на Фондот во два дневни весници. Како потенцијални закуподавци се јавиле М.С. и Ј.Б. од Тетово, кои имале недвижен имот.
Второпријавениот кој е татко на директорот Р.Б. ги контактирал заинтересираните, и се договориле да ја продадат куќата за сума од 260.000 евра, но да потпишат документација за давање под закуп на недвижниот имот со Фондот, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот.





