Го откри ли Хајредини вистинскиот мотив за кандидатурата на Османи?

Го откри ли екс министерот за финансии Џевдет Хајредини вистинскиот мотив за кандидатурата за претседател на Бујар Османи?



Тргнувајќи од изјавата на Османи дека ако не земе еден месец плата која што изнесува 125 илјади денари ќе мора да оди на заем Хајредини мисли дека Османи се кандидира за шеф на државата затоа што тој зема над 155 илјади денари плата.

,,Бујар Османи за претседател се кандидирал само поради малку повисоката плата”, пишува Хајредини.

Заедно со сопругата која работи во државна агенција семејството на Османи месечно од државата зема речиси 4000 евра а ако Бујар стане претседател сумата ќе достигне за многумина фантастични 4,5 илјади евра.