Според многумина едно од најгласните и најемотивни пеења на македонската национална химна се случило минатата недела пред победата на ракометарите на Македонија против Фарските острови за пласман на Светското првенство во ракомет идната година.
Мечот се одигра откако претходно истиот ден Македонија ја доби првата претседателка Гордана Силјановска Давкова која во собранието беше инаугурирана за шеф на државата не споменувајќи го зборот Северна.
За време на мечот во салата Борис Трајковски беше забележано неверојатно високо ниво на емоции не само поради пласманот на Македонија на светското првенство.





