„Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна“, ќе рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во одбрана на државниот грб, иако токму „државотворната“ партија што ја води во Преамбулата на Уставот ги замени „одлуките на АСНОМ“ со „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“.
Тогашниот претседател на Владата и на СДСМ, Зоран Заев, при промената на Уставот со „балкански методи“ пред седум години овој амандман го образложи со Преспанскиот договор и за да се избегнат проблеми во иднина со Грција.
„Заради тоа што би предизвикало одредени проблеми тоа ако остане во одредени можни идни времиња на соработката помеѓу Македонија и Грција. Зошто е тоа така? Дел од одлуките на АСНОМ велат Македонци од Грција и Бугарија обединете се. Тоа не е пријателство. Прогласот го нема тој дел“, објасни тогаш Заев.






