Фестивалот на нови родољубиви и патриотски песни ГОЦЕ ФЕСТ
веќе 35 години се одржува во Скопје (Универзална сала и Домот на АРМ),
и повеќе градови на РС Македонија ( Крива Паланка, Радовиш, Штип,
Охрид, Битола) во чест на ликот и делото на Гоце Делчев (4 февруари
–Денот на раѓањето) ….
На фестивалот традиционално се застапени песни во кои се опејуваат значајни
настани и личности од историското минато на македонскиот народ,
убавините на Македонија и љубовта кон татковината, печалбарството и
копнежот на печалбарите по родната грутка и воопшто судбината на
македонците, раселени насекаде по светот.
Со свои песни, секоја година учествуваат истакнати авторски
и интерпретаторски имиња, а фестивалот секој пат обезбедува место и за
млади и талентирани автори и пејачи, како и место за учество на
претставници на македонците од дијаспората.
Уште на својот почеток, ГОЦЕ ФЕСТ е востановен како фестивалска манифестација со натпреварувачки каракте -секоја година на фестивалот се доделуваат традиционалните
фестивалски награди од публиката и стручната Жири-комисија,
Досега, на фестивалот, се испеани околу 1024 песни од кои
најголем дел се широко прифатени од народот и веќе обнародени. Песните
од ГОЦЕ ФЕСТ постојано се присутни на програмите на Радијата и ТВ
станиците, како во Македонија, така и меѓу Македонците во дијаспората.
Во текот на изминатите 35 години, Фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ,
разви и мошне богата издавачка дејност во чии рамки се издадени 30-тина
изданија на Аудио касети и ЦД, како и 32 изданија на Видео касети и ДВД
со песни испеани на фестивалот, барани во Македонија, но и од нашите во Дијаспората.





