По повод светиот месец Рамазан, општина Гостивар за прв пат во центарот на градот со светилки и симболи кои го карактеризираат овој месец.
„Идејата за симболичното украсување во текот на месецот Рамазан дојде по многу разговори во многу кругови, како со нашите пријатели, така и со нашите сограѓани, кои отсекогаш изразувале желба да има празнична атмосфера во овој месец Рамазан“ изјави градоначалникот Валбон Лимани.
„Со ова решивме оваа година да ја започнеме како традиција со единствена цел и во текот на овој месец нашите граѓани од исламска вероисповед да ја почувствуваат празничната атмосфера и да испратат порака дека овој месец е месец, колку е благословен, тој е и празничен месец за сите муслимани, а со ова им даваме друга димензија на деновите на Рамазан“, рече Лимани.
Тој додаде дека следната и наредните години украсувањето ќе биде уште поубаво и поубаво, а ќе има украси и за верските празници на другите вери кои живеат во Гостивар со цел да се почитуваат сите граѓани без исклучок.
Верниците од исламска вероисповед го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на овој период, верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна, пијалаци и лоши мисли, со цел духовно и физичко прочистување.