Речиси 25.000 случаи на топлотен удар се регистрирани во Индија, додека 56 лица ги загубија животите, по рекордниот скок на температурите во земјата, јави Ројтерс.



Мај беше особено лош месец за индиските држави, со температури до 50 степени во главниот град Делхи и блиската држава Раџастан.

Најмалку 33 лица, вклучително и изборните службеници на должност на штотуку завршените општи избори во Индија, починаа од топлотен удар во сојузните држави Утар Прадеш и Бихар на север и Одиша на исток во петокот.

Податоците од Националниот центар за контрола на болести (NCDC) покажаа дека ситуацијата е најлоша во мај, со 46 смртни случаи поврзани со топлина и 19.189 случаи на топлотен удар.

Вклучувајќи ги сомнителните случаи, вкупниот број на смртни случаи во Индија би можел да биде многу поголем, па дури и да достигне 80 лица, според локалните медиуми.