Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски беше единствениот стрелец на натпреварот во Копривница, во кој Вараждин го совлада домашниот Славен Белупо во 31. коло од Хрватската фудбалска лига (ХНЛ).
Голот во 62. минута е петти сезонава за 26-годишното десно крило со 6 настапи за Македонија, кој е прогласен за играч на мечот.
За Вараждин настапија и македонските дефанзивци Марио Младеновски како стартер и Ване Јованов од клупата за резерви, а кај Славен недостигаше напаѓачот Илија Несторовски поради парни жолти картони.






