Голем протест против екстремната десница во Берлин

Десетици илјади луѓе протестираа против зголеменото влијание на германската екстремна десница на собирот пред Бранденбуршката порта во Берлин, јави ДПА.



Демонстрантите со светла од мобилни телефони го формираа она што организаторите го опишаа како „море од светла“ насочено кон екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD).

Според полицијата во главниот град на Германија, бројот на учесници бил околу 30.000 луѓе.

Митингот се одржа еден месец пред парламентарните избори во Германија, на кои се очекува силен резултат да постигне антиимиграциската и евроскептичната АфД.