Голем пожар кај Катланово – ќе се бранат викендиците

Се разгорува пожарот кај селото Катланово. Огромни пламени јазици може да се забележат од автопатот „Пријателство“ во правец кон Скопје, пренесува Плусинфо.



Сведоци за Плусинфо говорат дека глетката е навистина страшна, а густиот чад е спуштен на автопатот и предупредуваат повнимателно да се вози на оваа делница.

Како што претходно информиравме попладнево избувна пожар, а според очевидците густ чад се издигнува кон небото и е видлив од сите страни на патот.

Од ЦУК информираа дека во општина Петровец кај с. Градмаци, с. Брезница и с. Катланово гори нискостеблеста шума.

Директорот Стојанче Ангелов сподели дека викендичките ќе бидат одбранети бидејќи на терен се екипи на скопската противпожарна.