Голем пожар во светиниколско, изгореа неколку куќи, на терен и хеликоптер

Во шумскиот пожар кој изби попладнево меѓу селата Орел и Немањици зафатени се и куќи.



Куќите од огнените јазици ги спасуваат пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух.

Како што информираше градоначалникот Општина Свети Николе , Дејан Владев за МИА, во селото Немањици има околу 50 жители, но во него има и викендици.

Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов има сериозен пожар во Старо Нагоричане, неколку пожари на територијата на Куманово, како и пожарот кој изби на територијата на општина Демир Хисар и се движи во насока на Охрид преку планината.