Реката Дунав денеска се излеа во Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, додека на северот од Србија е забележан значителен пад на температурата и се предвидува невреме пропратено со врнежи и грмежи.
Водата достигна такво ниво што од неа штрчат само чадори и улични светилки.
Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина.
Студениот бран преку северот на земјата пристигна во Србија, каде во некои градови температурата беше околу 15 степени.





