Конзерва за гориво и партали се најдени во близина на местото каде вчера изби голем пожар во близина на Атина, изјави министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас.
Управата за борба против подметнување пожари и полицијата собираат докази и видео материјал за анализа, јави „Катимерини“.
Пожарот што избувна во близина на Грчката армиска академија во источна Атика сега е под контрола, соопшти пожарникарската служба.
На терен сепак остануваат силните противпожарни сили со распоредени 155 пожарникари, четири копнени тимови, 45 возила, шест авиони и 12 хеликоптери.
Истражните органи ги испитуваат снимките на кои се гледа како подметнувач на пожар ја запалил сувата трева во областа.






