Голема акција против шверцери на луксузни странски автомобили

Од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.



Како што информираат од Обвинителството, надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови.

Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин, дознава „Плусинфо“.

Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, Обвинителството ќе информира по нивното завршување, навдуваат оттаму.