На денешен ден пред 22 години Артим Шаќири се запиша со златни букви во македонската фудбалска историја со спектакуларниот гол директно од корнер во историското реми 2:2 со Англија во Саутемптон во квалификациите за Европското првенство 2004.
Се играше 11. минута од дуелот на стадионот „Сент Мери“, кога Шаќири ја намести топката до десното корнер знаменце и, на изненадување на сите, биеше директно кон голот на Дејвид Симан, кого топката го прелета и заврши во мрежата!
Токму тој погодок го чинеше легендарниот голман на Арсенал крај на 14-годишната репрезентативна кариера, и тоа во јубилејниот 75. настап, бидејќи тогашниот англиски селектор Свен Јеран Ериксон реши веќе од следниот натпревар да го замени со Дејвид Џејмс.





